МАКЕДОНСКИТЕ ОРГАНИ ЛАЖАТ ДЕКА ПАНЧE Е УБИЕН ЗА 500 ЕВРА – Ного во ново видео открива дека таткото на Вања е наместен, убиството е нарачано

Српскиот политичар Срѓан Ного во денешното видео на Јутјуб кое траеше 1,5 час, повторно изнесе тешки обвинувања кон полицијата и Обвинителството, тврдејќи дека се неспособни или пак, ги „монтираат“ причините и воопшто, вистината за смртта на фризерот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

И во неговото денешно видео, контроверзниот политичар ги обвинува дека го наместиле таткото на Вања Ѓорчевска, кој, наводно прв на МВР му ги дало снимките на кои поврзал дека возилото „цитроен“ на сега убиениот Панче Жежовски, е вмешано во грабнувањето и дека така почнала истрагата. Според Ного, таткото на Вања е многу богат човек и не му требала позајмица од неговата поранешна сопруга, како што е информацијата која е пласирана во јавноста. Александар Ѓорчевски, имал три станови на свое име вредни половина милион евра.

Ного вели дека според неговите информации, а и според досега познатите докази, станува збор за нарачано убиство во кое Љупчо Палевски и неговата банда се само егзекутори, а македонските институции не се способни да го најдат нарачателот, ниту, пак, да ги откријат мотивите за тоа.