Нови фотографии : Панче со еден од киднаперите на Вања на бензиска пумпа во Велес, ставил гориво за 500 денари

Српскиот политичар Срѓан Ного денеска објави ново видео и фотографии од исчезнуваањето на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.Тој е убеден дека фризерот од Велес не е убиен за долг од 500 евра и оти таткото на Вања ги открил сите детали за грабнувањето на ќерката.

Ного се закани дека ќе објавува информации се додека македонските власт не ја кажат вистината.

Српскиот политичар објави и нови фотографии на Панче со еден од киднаперите на Вања на бензиска пумпа во Велес неколку дена пред да исчезне.

Панче дури и го скршил чепот од резервоарот од автомобилот затоа што бил видно нервозен.Пцуел и рекол „одам на друга бензиска да ставам бензи“ ги цитира Ного зборите на Панче.При тоа еден од киднаперите се обидува никој да не го забележи и ја врти главата постојано.По неколку часа се вратил на првата бениска сам, ставил гориво за 500 денари и купил цигари и запалка.