Ахмети повторно пее, Славески одговара на неговото пеење

Со своето друштво, во кое сега во кариерата е унапреден Талат Џафери од претседател на Собранието во претседател на Владата, Ахмети со песна прославуваше. (Уставот вели дека е уназадување, прва била функцијата шеф на држава, втора шеф на парламент, а трета шеф на Влада, но практично не е така, сеедно, да не бидеме деталисти).

Некогаш Ахмети знаеше да запее во автомобил по успешна политичка разврска или добар потег на ДУИ контра опозицијата, некогаш знаеше да запее и запали цигара во Министерството за политички систем кај домаќинот Артан Груби, кога му прославуваа роденден, макар и плател казна заради уживањето тутун во службена росторија, а еве денеска е повторно Ахмети „во елемент“ и пее.

Но овојпат со цигара в рака е новиот премиер Талат Џафери. Или пак, тоа повеќе личи на квалитетна пура. А, Ахмети или престанал да пуши или ја тргнал навреме цигарата за да не плаќа казна. Со чашка коњаче е овојпат во раката. А тоа не е недозволено.

На неговото пеење возврати Трајко Славески, коментирајќи ја наводната репресија на Ахмети во кичевската гимназија за која тој зборуваше од говорницата во собранието.

Денес слушнавме уште една песна од репертоарот на г-динот Али Ахмети, со чаша виски и чад од пура од новиот премиер. Убаво е да се пее (потпевнува). Кој пее, зло не мисли! Во далечната 1976 година, кога мојот врсник, господинот Али Ахмети, како што кажа денес од говорницата на македонското Собрание, бил наводно репресиран во кичевската гимназија, на околу 60 км југозападно од Кичево, јас и моите соученици (никако репресирани!) етнички Албанци во класот во охридската гимназија слушавме песни во изведба на легендите Оливера Катарина и Неџмије Пагаруша. Али слави со виски, а госпоѓата Неџмије во песната бара утеха за невозвратената љубов во вискито и во виното. Морам да признаам дека млади луѓе, поборници за независна (Обединета) Македонија, од една страна, како и такви што сонувале за Голема Албанија, од друга, веројатно биле репресирани. Такви биле времињата!

Comments are closed.