Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“.

Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година.


„Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите.

Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец.

Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.