Се јави тој што имал три часа во среда и петок и премиер стана: Имал разбирање зошто Бугарија не ги става Македонците во нивниот устав

Поранешниот премиер истакна дека конечна цел и задача на сите, а најмногу на политичарите е да обезбедат иднина за својот народ, за целиот регион, за целиот европски континент и да дадат позитивен пример на светско ниво во политиката.

-Убеден сум дека нашето пријателство, добрососедство и соработка во иднина ќе биде пример и од тој аспект како поранешен градител на тоа пријателство, потписник на Договорот, испраќам порака до политичарите во Македонија и во Бугарија да го негуваат пријателството и добрососедството, рече Заев.

Тој изјави дека е горд не само на Договорот со Бугарија, туку и на Преспанскиот договор. Со нив, како што рече повторно ги изградивме нашите пријателства со нашите соседи и додаде дека како поранешен премиер стои на располагање да пружи помош во градењето на добрите односи меѓу Скопје и Софија, а помош понуди и во однос на деловната соработка.

Во врска со тоа дали во земјава има политича волја за измени во Уставот и за внесување на бугарското малцинство, Заев изрази верување дека има, нагласувајќи дека во нашиот Устав има седум етнички заедници, а дека со измените станува збор за впишување на наши граѓани со бугарска, црногорска, хрватска самосвест.

„Сметам дека тоа прашање, кое треба да се реши час поскоро. Хрватска која е земја членка на ЕУ на пример во нејзиниот Устав има 24 етнички заедници. Ние го разбираме бугарскиот Устав, тој е поразличен од нашиот Устав, е по линијата на Франција, САД и други, а ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа наскоро ќе го сториме и ќе чекориме кон отворање на поглавјата со ЕУ“, истакна Заев.

Тој изрази задоволство од денешниот чин на доделување на титулата почесен доктор на Ќучук, кој, како што рече, работи не само за Македонија, туку и во интерес на целиот регион. – Тој е симбол на нашето пријателство и се надевам дека неговиот пример ќе го следат сите политичари и во Македонија и во Бугарија, истакна Заев

Постави одговор

Your email address will not be published.