Хакирана веб-страницата на Министерството за образование и наука

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) синоќа беше хакирана.

Неколку часа на сајтот на ова министерство стоеше пораката „HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS“ – ,,Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers”.На местото на фотографиите на министерот од заменик министерот на страницата на МОН се поставени други фотографии.

Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Famous Macedonia“.

Во моментов страната е целосно исклучена и до неа нема пристап.