Од полноќ дизелот поскап од бензинот за 12 денари
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,173%, кај дизелот зголемување во просек за 3,246%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,720% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,255%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,977 ден/кг
Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 92,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 97,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 53,955 (денари/килограм)