Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 16.000.000 денари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 16.000.000 денари.

„Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ!!!

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 13ти до 19ти Август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 277,71/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 426,43 €/MWh или по денови:

20/Август 380 €/MWh

21/Август 357 €/MWh

22/Август 365 €/MWh

23/Август 430 €/MWh

24/Август 488 €/MWh

25/Август 498 €/MWh

26/Август 467 €/MWh

Разликата во цена е:

1750 MWh x (426,43-277,71)€ = 260.260€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 16.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови“, стои во неговиот пост на Фејсбук.