Мицкоски: Власта пропушти да се занимава со стандардот на граѓаните. Пари во буџетот има, нека престанат да крадат!

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и костум

„Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок.

Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард.

Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада.

Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството.

Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво.

Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула.

ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%

И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори.

Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења“, напиша на својата официјална страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Постави одговор

Your email address will not be published.