Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук најави „режим на тишина“ за движење по хуманитарниот коридор од градот Суми до Полтава.

Украинската вицепремиерка најави хуманитарен коридор за евакуација на  цивили од Суми

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук најави „режим на тишина“ во 10 часот по московско време (осум по средноевропско време) за движење по хуманитарниот коридор од градот Суми до Полтава.
Сепак, таа прецизира дека други рути не се договорени.
„Постои само една маршрута за хуманитарниот коридор за евакуација на луѓето на релација Суми – Голубовка – Лохвица – Лубни – Полтава“, прецизира таа.
Вицепремиерката упати апел до Русија да ги координира маршрутите на хуманитарните коридори, без да ги спомене претходно споменатите предлози на рускиот воен оддел за отворање коридори кон руска територија.
Таа изјави и дека првиот конвој со луѓе од Суми го напушта хуманитарниот коридор во 11 часот по московско време (9 часот по средноевропско време), а потоа и цивилното население во нивните возила. Според неа, работното време на хуманитарниот коридор е до 22 часот по московско време (т.е. до 21 часот по средноевропско време).