Свештеник држеше служба, а потоа почна ужасот во Бејрут: Вистинско чудо е што остана жив (ВИДЕО)

Во престолнината на Либан, Бејрут вчера се случи страшна експлозија која остави катастрофални последици. Загинаа над 100 лица, а повредени се повеќе од 4000. Дел од градот е целосно разрушен, а спасувачите трагаат по преживеани, додека пак болниците се полни.

На пристаништето во Бејрут експлодирале 2.750 тони зачуван амониум нитрат, што доведе до катастрофа со невидени размери, пренесуваат светските медиуми.

Снимките и фотографиите од повредените лица и разрушениот град го обиколија свет, а на социјалните мрежи кружи видео кое е снимено за време на службата во христијанска црква во моментот на експлозијата.

Прво сè се тресеше, снема струја, а потоа сè започна да пука. Свештеникот кој ја одржуваше службата се обиде да избега, но дел од витражот падна врз него.

Во коментарите на Твитер, можете да прочитате дека свештеникот е за среќа добро.

https://twitter.com/RioMoussallem/status/1290741792137248774
Постави одговор

Your email address will not be published.