„Ветришта сеете, бури ќе жнеете“ – 141 година од раѓањето на Тодор Алесандров
Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп-Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев. Како ученик во Педагошката гимназија во Скопје во 1897 година, Тодор Александров се вклучува во Македонската револуционерна организација каде што останува се до својата смрт на 30 август 1924 година.
Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот – од 1918 до 1924 година.
Во 1910 година, младотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4.000 турски лири за неговата глава, како што своевремено Турците давале златни лири за главата на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев.
Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.
Тодор Александров соработува со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи: “Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело“.
Марија Коева, ќерка на Тодор Александров, тврди: “Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава“.
Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја. Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров. „Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.“ Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното: “Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.
Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите “канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога “наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник. Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите. Бугарите велеле: “Мртов, но употреблив“, Македонците, пак, велеле Македонија умре, а од странските дописници ќе биде забележан како македонски Робин Худ.
Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владатa и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.
Александров ставил на готовс Македонски комити кои на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров. Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за автономна Македонија.
Александров го завземал Ќустендил, настан за кој пишувал и The Times во чија статија пишува за окупацијата на Ќустендил од страна на Автономистите на Александров.
По некое време бил надброен и се сложил на преговори во кои очекувал дека ќе се преговара на Автономија на Македонија. Но не долго по оваа акција Тодор Александров е убиен под сеуште неразјаснети околности, но се поочигледно е дека е предаден.
Слава ти, голем Македонецу!