МВР со меѓународна потерница го бара Александар Лазаров кој избега од полициска станица
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка.
Од МВР посочуваат дека лицето избегало од Полициската станица во Кочани.
-Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Comments are closed.