Запален автомобилот на Ѓоко Ристов, судијата обвинет за заѕиданите пари

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор, јавува ексклузивно „Нова Макдонија“.

Инцидентот, според весникот, доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на јавноста по обвинението во кое Обвинителството тврди дека при претрес биле пронајдени околу 350.000 евра, додека Ристов ги негира обвинувањата и изјави дека со документација ќе докажува дека парите не се негова сопственост.

Во овој момент не е познато дали постои каква било поврзаност меѓу пожарот и судскиот случај.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврдува истрагата, а се очекуваат и официјални информации од Министерството за внатрешни работи.

Нова Македонија споделува и соопштение од МВР:

„На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во тек е увид“, – велат од МВР.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK