Следува потопло време, најавени температури до 32 степени

Метеоролозите информираат дека се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност, проследено со слаб до умерен северозападен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 23 до 32 степени. Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време, со слаб северозападен ветер и температури од 14 до 31 степен.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во западните делови се очекува засилен, повремено и силен ветер од западен правец, со брзина над 50 km/h. Температурите ќе се движат од 8 до 18 степени во утринските часови, додека дневните ќе достигнат од 22 до 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во вторник ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во северозападните делови се можни услови за слаб локален дожд и ретка појава на грмежи, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен во источните делови. Температурите ќе бидат од 8 до 18 степени минимални и од 28 до 35 степени максимални.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK