Руни со жестока критика за судијата по мечот БиХ – Канада: Требаше да биде црвен картон

Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни верува дека Босна и Херцеговина имала голема среќа на натпреварот против Канада на Светското првенство, бидејќи голманот Никола Васиљ избегнал црвен картон по дуелот во второто полувреме.

Судирот меѓу Васиљ и канадскиот напаѓач Тани Олувасеји беше во центарот на вниманието, кога босанскиот голман истрча од голот и го собори противникот за време на интервенцијата.

Аргентинскиот судија Факундо Раул не досуди фаул за Канада, ниту му покажа црвен картон на Васиљ, што предизвика бројни реакции. За време на анализата на Би-Би-Си, Вејн Руни беше убеден дека судијата направил голема грешка.

„Тоа е пенал и црвен картон. Голманот целосно ја промаши топката и го удри противникот во главата. Не знам како ВАР не реагираше“, рече Руни.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK