Кривична за Жан Железарски – се заканувал на затворски полицајци, едниот го расекол со стаклен предмет
Кривична пријава против затвореникот Жан Железарски (43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Како што информираат од МВР, на 19.03.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, три службени лица од установата го затекнале пријавениот со мобилен телефон, кој по усната наредба да го предаде телефонот, упатувал закани кон тројцата, а на еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда.
Железарски е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и измама. Железарски доби 14,5 години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни две години затвор.
Тој во јавноста беше актуелен откако на 9. минатиот месец директорот на Управата за извршување санкции – Александар Пандов на прес-конференција обелодени дека на 20 февруари годинава пред Затвор Штип во 21:40 часот имало обид за криумчарење дрога токму во затворот.
Бројни се пресудите против Железарски. Го гонеле за телесни повреди, насилство, оштетување туѓи предмети, давање лажен исказ, предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.