За многу скоро скопјани и жителите на приградските населби ќе можат да го користат „Градскиот воз“, вели Мицкоски
Вели Македонија минатата година немала ниту една функционална карго локомотива, со што повеќе од 1.000 вагони кои требало да бидат испорачани во средна Европа биле заглавени на пристаниште во Солун.
Очекувам за многу скоро време скопјани и жителите на приградските населби околу Скопје да можат да го користат „Градскиот воз“ во Скопје, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.
Според него, се работи за квалитетен проект на Министерството за транспорт којшто претставува чекор напред кон реформа во системот.
– Тоа е уште еден чекор напред кон реформа во системот, реформа во секоја област, за жал, многу треба да се реформира, всушност, не многу, туку сѐ треба да се реформира. Државата не беше на колена, туку комплетно потоната и не постоеше систем. Сега врз основа на приоритетите и алатките со кои располагаме една по една ги решаваме работите и една година потоа состојбата е драматично поразлична споредено со една година претходно, рече Мицкоски.
Вели Македонија минатата година немала ниту една функционална карго локомотива, со што повеќе од 1.000 вагони кои требало да бидат испорачани во средна Европа биле заглавени на пристаниште во Солун.
-Денеска зборуваме за градски воз, за пруга, Коридор 8, Коридор 10, модернизација, а пред една година немавме ниту една функционална карго локомотива и повеќе од 1.000 вагони кои што чекаа да бидат испорачни во средна Европа, за жал, беа вкотвени на пристаништето кај нашиот јужен сосед, во градот Солун или дел од нив мораа да бараат други рути за да ја избегнат Македонија, бидејќи немаше со која локомотива истите тие да бидат превезени. Таква беше состојбата, авиони за гасење пожар приземјени, бидејќи немаше сервис, локомитиви немаше, патнички возови немаше, неисплатени плати во ЈП Македонски шуми, Водостопанство и така натаму, вели премиерот.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски минатата недела изјави дека очекува првата линија на „Градскиот воз” Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече за голема инвестиција од педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.