Али никако да се помири со поразот, па фалсификува историја: албанскиот е најстар јазик, Јустинијан е албанец, албанец ја основал Охридската Архиепископија

Али Ахмети во говор пред симпатизерите во Струга рече дека албанскиот бил најстар јазик на светот, дека Албанец бил и Јустинијан Прима и сите клучни личности од средниот век во Македонија и на Балканот.

Ахмети и ДУИ, кои 20 години беа на власт во Република Македонија, сега не можат да се помират со нивната маргинализација како опозиција и се почесто прибегнуваат кон закани, поттикнување на меѓуетнички тензии и националистички изливи.

„Ако сакате да владеете со Албанците, отстранете ја нивната илирска историја и илирска гордост. Тие треба да знаат дека ние сме придонесувачи кон културата на Балканот, кон културата на Европа и кон културата на светот. Од древниот Константин е наш, кој е дел од нашето албанско потекло, нашата албанска ДНК, наш е и Јустинијан Први, наш, Албанец е и Ѓерѓ Дибрани, основачот на Охридската архиепископија. Не може да се негира дека ние, Албанците, сме придонеле за европската култура, бидејќи тогаш бевме космополити и сме придонеле за целото човештво. Нека разберат дека Албанците се автохтони староседелци тука, тие не се странци во туѓ дом“, рече Ахмети.

Овие бесмислици и фалсификати на историографските и археолошките факти за Македонија и Балканот Ахмети ги изложи во неговиот говор на средбата со партиските членови и симпатизери во Струга, а ги објави интегрално весникот на албански јазик Коха.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK