8 возила гореа во пожар во Кисела Вода

Осум автомобили биле зафатени од пожар ноќеска во скопската населба Кисела Вода, при што едно возило целосно изгорело, а другите седум биле делумно оштетени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 10 март 2025 година во 01:05 часот. Огнот прво избувнал во возилото рено меган, сопственост на 23-годишниот Д.Р. од Скопје, а потоа се проширил и на седум други паркирани автомобили: Сузуки сопственост на Х.С., Опел сопственост на правен субјект, шевролет сопственост на Т.А., шевролет сопственост на А.Ш. фиат сопственост на правен субјект, шкода сопственост на Ј.Ј. и хјундаи сопственост на П.Ш.

Сите возила имале скопски регистарски ознаки.

„По пријавата, веднаш интервенираше екипа на Противпожарната бригада на Скопје и пожарот беше изгаснат. Повредени лица нема, а увид на местото беше извршен од страна на полициски екипи“, информираат од МВР.

Се работи на утврдување на причините за пожарот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK