Поранешниот министер за економија на ДУИ, Крешник Бектеши приведен во полиција
Бектеши е повикан на распит во полициската станица во Карпош.
Крешник Бектеши, поранешниот министер за економија е повикан разговор во полиција.
Бектеши е повикан на распит во полициската станица во Карпош.
Како што објавивме претходно, додека тој бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека- Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши, ја потпишала фалсификувана лиценца.
-Да министерство за економија ја има издадено, потпишана е од тогашен државен секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Со цел ризик дека сето ова може да предизвика процедурални пропусти, но во интерес на јавноста јас сум тука да ги соопштам и овие детали доколку ме прашувате, истакна Мицкоски.
Курир претходно пишуваше дека од извори во истрагата дознава дека дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку наврати била одбивана за таков тип на дозвола.
И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека дискотеката „Пулс“ работела со фалсификувана лиценца.
– Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата. Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со коруција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното изгавање на лицени и ќе одговараат – рече Тошковски и додаде дека се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.
Фалсификуваната лиценца била издадена во времето кога министер за економија бил Крешник Бектеши од ДУИ
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.