Побаран 30- дневен притвор за Бектеши и поранешни раководни лица во министерство за економија
Јавното обвинителството побара 30- дневен притвор за екс-министерот за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од министерството за економија, информираат извори во истрагата.
Меѓу оние за кои е побарана мерката е и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.
Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена од поголемата група која досега има над 20 осомничени.
Претходно ваква мерка беше побарана само за 7-мината полициски службеници осомничени за случајот.
Вчера во судот се донесени и тројца екс-градоначалници на општина Кочани.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.