ОЈО бара притвор за 10 лица: „Пулс“ немал хидрант, ниту ПП апарати, ни излез за евакуација
Истрагата продолжува, а надлежните најавуваат кривични постапки против сите одговорни, засега се бара притвор за 10 лица.
Јавниот обвинител во заминување Љупчо Коцевски ги објави првичните резултати од истрагата, откривајќи сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“.
„Објектот немал хидрант, немал ПП апарати, резервен излез за евакуација – или поточно, имал, но вратата била заклучена со катанец и без брава. Незаконски се користела пиротехника, а објектот имал дозвола за лесна индустрија, не за угостителска дејност“, изјави обвинителот на заминување Коцевски, наведувајќи и други прекршувања на законот.
Истрагата продолжува, а надлежните најавуваат кривични постапки против сите одговорни, a Коцевски на заминување рече дека засега се бара притвор за 10 лица.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.