Охрид: Во сообраќајна несреќа загина 27-годишен моторциклист

Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот констатирал смрт.

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум, на крстосницата кај населбата Рача на излезот од Охрид.

Околу 14 часот случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид.

Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот констатирал смрт, а полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на местото на незгодата.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK