Муцунски со предлог: Државата да ги плати трошоците за пат и престој на семејствата чии што повредени членови се лекуваат во странство
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски информира дека на седница на Влада ќе предложи од страна на СОЗР да бидат подмирени трошоците за пат и престој во странство за членови на семејствата на повредените пациенти од трагедијата во Кочани што се лекуваат во странство.
Според шефот на македонската дипломатија, како држава сме добиле понуда за помош на билатерална основа од многу земји.
Како што рече Муцунски, од наша страна беше активиран и механизмот за цивилна заштита на ЕУ што претставува систем на координација на помошта меѓу сите земји-членки на Унијата и други земји, при што очекуваме и дополнителна помош.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.