Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
Добра вест. Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“. Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбул профил.
Зад Македонија, потенцира Мицкоски, се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија.
Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!, објави на ФБ Мицкоски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.