Мицкоски: Македонија се гради по 7 години пустош и понижување

После 7 години пустош и понижување и засрамување и организирана плачка конечно имаме состојба во којашто во Македонија се гради и тука сме да го одбележиме сето тоа, рече Мицкоски.

Денеска е посебен ден овде во Свети Николе и навистина денот сакавме покрај тоа што го предвидовме како дружење со граѓаните да поминеме и неколку проекти коишто и локалната, но и Владата заеднички ги финансираат за светиниколчани и сметаме дека вториот повик како што и самиот градоначалник кажа дека нешто повеќе од 2 милиони евра ќе бидат на располагање, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Голем дел од потребите коишто во минатото не биле решени за светиниколчани сега ќе бидат решени.

-Затоа јас немам што да додадам на тоа што го кажа градоначалникот од аспект на буџет на реализација на проект, од аспект кој проекти станува збор, само можам да кажам дека Македонија се гради. После 7 години пустош и понижување и засрамување и организирана плачка конечно имаме состојба во којашто во Македонија се гради и тука сме да го одбележиме сето тоа, рече Мицкоски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK