Кочанчани апелираат да не се дозволи медиумите да направат „циркус“ од погребот на загинатите во пожарот
Жителите на Кочани упатуваат апел до медиумите и до полицијата да обезбедат достоинствени услови за семејсвата и пријателите на загинатите во пожарот во дискотекта „Пулс“ да можат да ги закопаат своите најблиски.
Еден од тие што уатуваат ваков апел, е кочанчанецот Димитар Романов, кој се обраќа до припадниците на полицијата и на општините каде што има загинати, да не дозволат некој да ги злоупотребува трагедијата и тагата на луѓето за сензационализам.
Верувам дека сите мои сограѓани ќе се согласат 100% со мене и ова се осмелувам да го напишам од името на сите Кочанчани:
Немојте да дозволувате новинарски екипи да се туркаат и пикаат во лицата на родителите, роднините и пријателите кои дошле да си ги погребаат нивните најмили!
Ако веќе треба да известуваат, ВЕ МОЛАМ обезбедете им соодветно место, подалеку од народот и од таму да не се мрдаат! Да не се шетаат меѓу народот, да кружат и да снимаат!
Дозволете достоинствено и со почит да си ги испратиме нашите најблиски!
Посебен акцент ставам на ДРОНОВИТЕ, немојте ни случајно да дозволите дронови да ни летаат над главите и да зујат во овие претешки моменти!
Не дозволувајте овој горчлив и мачен ден да го направат ЦИРКУС!, апелира Романов.
Во својот апел, тој потсетува на случувањата при погребот на музичката ѕвезда Тоше Проески, кога се направи вистински хаос, кога одредени медиуми се обидуваа да направат што „подобра“ фотграфија или снимка од ковчегот н Тоше.
Постарите генерации можеби се сеќаваат кога беше погребот на Тоше, одредени новинарски екипи (секоја чест на исклучоци) уште во гробот не му скокнаа само за да направат ПОДОБАР КАДАР! Цела Македонија тогаш беше згрозена од нивните постапки, не дозволувајте тоа да се случи и сега!
Поставете полиција, поставете обезбедување, бараме заштита од вас! Заштитете нè од хаос!
Свесен сум дека организација на ваков настан е комплицирана и тешка, ама протокол мора да има и мора да се почитува!“, вели Романов.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.