ДУИ „исто како досега“ – продолжуваат заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со заканите. Играјќи на каратата за меѓуетнички тензии, закани за политичка криза, па и бојкот на избори, партијата се обидува да создаде нестабилност. Главната точка на контроверза е Законот за јазиците, кој е оспорен пред Уставниот суд, а ДУИ упорно инсистира дека никој не смее да го „чепка“ или менува. Иако претходно се заканија дека ако се менува Законот за јазици, во зависност од одлуката на Уставниот суд, ќе ги бојкотираат локалните избори, пратеникот Блерим Беџети сега одбра друг речник, немало да има бојкот, ама ќе имало политичка криза.

Не може да се очекува стабилност. Меѓу 13-те политички субјекти што иницирале такви иницијативи пред Уставниот суд е и ВМРО-ДПМНЕ и да очекувате дека тие што го имаат легитимитетот да ускратат права на втората етничка заедница. Мислам дека тоа е јасно, кон што води. Неслучајно ние сме имале и пратенички прашања и други ставови, политички ставови и сме очекувале дека минимално и од коректност и од почит кон втората етничка заедница да се повлече таа иницијатива. А зошто да не се дебатира за сите полиња на прогрес, а не регрес на правата на Албанците.На кој начин ќе се спречат локалните избори, мислите дека ќе дојде до политичка криза?Секако дека ќе дојде до политичка криза, ако се чепне во Законот за јазиците, рече Беџети.

Овој закон, кој според правните експерти е оспорен поради нејасности и потенцијални повреди на Уставот, по се изгледа ДУИ го користи како политички инструмент за мобилизација на своите поддржувачи. И не само што се закануваат со блокирање на институционални процеси, туку индиректно вршат притисок врз судиите кои ќе треба да одлучат за овој закон. Аларм стигна и од САД дека судиите мора да одолеат на политичките влијание. Оваа порака дојде од американската амбасадорка која се сретна со претседателот на Уставниот суд. Од друга страна, премиерот Мицкоски не е изненаден од обидот на ДУИ да се меша во работата на судиите по прашањето за Законот за јазици бидејќи како што вели, во минатото биле навикнати да им наложуваат на одредени судии, каква одлука на донесат.

ДУИ наместо да се адаптира на новата политичка клима и да ја игра улогата на конструктивна опозиција, избра да се заканува и постојано мантра дека коалициониот партнер Вреди во владата е нелегитимен претсавник на Албанците. Но ниту коалицијата на Касами, Меџити и Гаши не е изненадена од оваа реторика, па често пати им порачуваат да се реформираат и да го исчистат криминалот – наместо да го кријат под превезот на таканаречената борба за правата на Албанците.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK