Видео: Спасени две момчиња од водите на Мавровското езеро
Денеска (15.03.2025) во 12.45 часот преку линијата 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две лица кои се качиле во чамец и почнале да се движат по езерото. Набргу, чамецот се превртел, а лицата се држеле за чамецот додека брановите ги воделе кон браната. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, Итна медицинска помош и Национален парк Маврово.
Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР во координирана акција со Полициското одделение Маврово и наведените институции од водите на езерото во 15.10 часот успешно ги извлекле Х.Б.(24) и И.Р.(23),двајцата од Скопје, во контактибилна состојба, по што биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за преглед.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.