Мицкоски за инфраструктурниот бум: Динамиката е исклучително добра и очекувам уште многу убави вести за македонските граѓани

Премиерот цени дека динамиката е исклучително добра и очекува во периодот кој што следи да има уште многу убави вести за македонските граѓани.

Изградбата на патиштата ширум Македонија, ако се спореди како напредува сега и каква беше во истиот период пред една или две години, можам да кажам дека разликата е десеткратно подобрена во насока на динамиката, оценува премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Сведоци бевте на почетокот на годината дека се пуштија во употреба неколку експресни делници, меѓу кои Чатал-Длабочица-Крива Паланка односно Страцин-Крива Паланка исто така делницата од Градско до Дреново практично сега треба да биде комплетирана, да се продолжи понатаму со реализација на овие проекти. Со несмалена динамика се реализираат и коридорите 8 и 10 Д. Тоа што беше заглавено со години, сега се одглавува веќе фронтот е отворен. Очекувам дека до крајот на следниот месец експропијацијата и имотно-правните односи ќе бидат решени со што се отвора фронт за градежните компании, рече Мицкоски.

Премиерот откри дека се бара решение за делницата Требениште-Ќафасан која е во периметар заштитен со ОБСЕ, па се разговара со изведувач.

-Истовремено со несмалена динамика се работи на делницата од Кичево до Охрид. Очекуваме од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун да биде исто така пуштена. Првата секција од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце е пуштена се работи на делот од Бељаковце до Крива Паланка. Се разговара со источниот сосед Бугарија на високо ниво околу третата секција и делот кој што припаѓа во Бугарија. Коридорот 8 подразбира поврзување на Драч и Бургас, а не подразбира поврзување на Куманово и Крива Паланка. Затоа сакаме да знаеме јасно какви се плановите на нашите соседи. Ние нашето си го завршуваме, граѓаните ги плаќаат кредитите што ние ги земаме како држава и градиме. Сакаме да видиме што ќе се случува во Бугарија и во Албанија, истакна Мицкоски.

Премиерот цени дека динамиката е исклучително добра и очекува во периодот кој што следи да има уште многу убави вести за македонските граѓани.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK