Кривичен суд со ГОЛЕМИ БУКВИ „си ја ишка мувата од капата“: Југ НЕ побарал повторување на процесот
Кривичниот суд народски кажано „си ја ишка мувата од капата“ и демантира дека сега веќе починатиот Игор Југ побарал повторување на судскиот процес за настаните од „27 април“. Од Судот излегоа со соопштение по смртта на Југ. „Талентите“ од судот, во ваков критичен момент по смртта на патриотот, трагичен за семејството, најблиските и пријателите експресно ги демантираат, како што велат, наводите дека судот не одлучувал по неговото барање. И верувале или не со големи букви, крајно непримерно соопштуват дека „НЕ поднесол“…
-„Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката“, стои во соопштението на Кривичен.
Инаку, кривичен суде, дека ќе побара повторување на процесот Игор Југ има изјавено во многу наврати. СТОТИНА. Можете да ги видите неговите објави на Фејсбук. Ако ве интересира, секако. Исто како и во интервјуата со него. Можеби, не го сторил тоа формално-правно, но намеравал да го стори истото. Второ, таму ќе видите дека не го сторил тоа затоа што знаел дека бадијала ќе го поднесе, бидејќи не би прифатиле во таква констелација каква што сте, што и покажавте со експресноста на „демантот“ на починатиот. Трето, не го поднесе барањето затоа што Југ не стигна да го поднесе. Почина…
И четврто, срам да ви е за нагласеното со големи букви „НЕ е доставено“ во соопштението. Мислевме дека е грешка. За жа, не е , така стои зиворно во соопштението. Имајте малку почит кон починатиот и семејството, не нагласувајте перфидно и безобразно дека НЕ го сторил тоа. Не, не го стори тоа, затоа што почина на седниот роденден на својата ќерка.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.