Агелер: Има докази за Груби и тука и во регионот и се на дофат на властите
Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. За случајот со Груби вели дека е објавен кога е завршен, а не затоа што тој паднал од власт. Aмериканската амбасадорка уште вели дека нејзина работа како амбасадор е да има средби и со македонски функционери кои се дел од истрагите за црната листа.
Агелер во поткастот на македонско-американската алумни асоцијација од серијалот интервјуа за борба против корупција, вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот.
„Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како амбасада се надеваме дека ќе се случи, но исто така ние не сме орган на прогонот. Јас нема да му влезам никому дома, но се надевам дека ова поттикнува акција и можам да кажам дека последните неколку имиња на црната листа навистина предизвикаа реакција“, вели Агелер.
За случајот со Груби вели дека е објавен кога е завршен, а не затоа што тој паднал од власт./
Aмериканската амбасадорка уште кажа дека нејзина работа како амбасадор е да има средби и со македонски функционери кои се дел од истрагите за црната листа.
„Но, знам да препознаам луѓе кои лажат в лице кога велат дека се борат против корупција“, рече Агелер во поткастот на македонско-американската алумни асоцијација од серијалот интервјуа за борба против корупција.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.