Министерот Минчев: Не е само до бројноста, НИЕ ИМАМЕ АДМИНИСТРАЦИЈА КОЈА Е ВОГЛАВНО НЕУКА
Прашањето за превработеност во јавната администрација стана рутинска тема со секоја нова власт но, дали е тоа главниот проблем објаснува министерот за државна администрација Горан Минчев.
Вели дека најголоем проблем во јавната администрација не е превработеноста, бидејќи последните бројки поикажуваат намалување на вработените, туку организацијата, стручноста и професионалноста на вработените.
-Заклучно со 31.12.2016 година заснован работен однос имале 129.653 лица во 1291 институција на јавниот сектор. Заклучно со 31.12.2023 година (последен пресек), 128.879 лица имаат засновано работен однос во 1371 институција на јавниот сектор. Оттука можеме да заклучиме дека бројот на административните работници е намален, но бројот на институции во јавниот сектор е зголемен. Според мене, проблемот не е во бројноста на административните службеници, туку во нивната несоодветна стручност, знаење и подготвеност да одговорат на постоечките предизвици.
Ќе ми дозволите да заклучам: Потребни се системски, квалитетни и применливи законски решенија, потоа доквалификација на постојните вработени и создавање на ефикасна јавна администрација која ќе биде стручна, едуцирана, и со извршувањето на своите работни задачи ќе обезбеди високо професионална и компетентна јавна служба.
Јавната администрација е столбот или темелот на постоење на една држава, на една нација, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев
За да тргнеме по еден силен реформски пат, мора да имаме соодветна анализа и да ја констатираме фактичката состојба. Како показател низ бројки можам да кажам дека согласно годишниот извештај за вработени во јавниот сектор, кој секоја година Министерството го објавува на својата веб страна, бројот на вработени во администрацијата е константен неколку години наназад.
Заклучно со 31.12.2016 година заснован работен однос имале 129.653 лица во 1291 институција на јавниот сектор. Заклучно со 31.12.2023 година (последен пресек), 128.879 лица имаат засновано работен однос во 1371 институција на јавниот сектор.
Оттука можеме да заклучиме дека бројот на административните работници е намален, но бројот на институции во јавниот сектор е зголемен. Според мене, проблемот не е во бројноста на административните службеници, туку во нивната несоодветна стручност, знаење и подготвеност да одговорат на постоечките предизвици. Ќе ми дозволите да заклучам: Потребни се системски, квалитетни и применливи законски решенија, потоа доквалификација на постојните вработени и создавање на ефикасна јавна администрација која ќе биде стручна, едуцирана, и со извршувањето на своите работни задачи ќе обезбеди високо професионална и компетентна јавна служба.