(ВИДЕО) Ковачевски ПОТВРДИ дека владата на СДС И ДУИ направила долг кон ЕВН од 50 милиони евра!

Екс-премиерот Димитар Ковачевски призна дека владата на СДС и ДУИ направиле долг кон ЕВН од околу 50 милиони евра, кој сегашната влада треба да го врати, зборувајќи во подкастот “Каде се парите?”

“Морам да истакнам дека и австриската ЕВН беа навистина партнери на државата, и се покажаа како навистина компанија што е одговорна во Македонија. На почетокот на кризата, заради недостатоците на електрична енергија и големиот скок, тие финансиски ја изложија својата компанија во Македонија и со директни позајмици од Австрија успеваа да го одржат нивото на електрична енергијa,” изјави Ковачевски.

Водителот на емисијата додаде, “Мислам дека се околу 50 милиони евра. Бислимовски го има спомнато кај нас дека толку треба сега да им се враќаме на ЕВН.”

“Да, меѓутоа во тој момент тие се изложија и тоа на подолг рок ќе биде вратено, бидејќи се работи за приватна компанија,” одговори Ковачевски.

Емисијата е од 19 септемви, 2024 година. Можете да ја погледнете подолу.