Пукање пред нацистичкиот центар за документација во центарот на Минхен, полицијата го уби напаѓачот

Германската полиција го уби напаѓачот кој утрово отвори оган пред нацистичкиот центар за документација во центарот на Минхен.

Како што претходно објави Зидојче цајтунг, истрелите се слушнале пред израелскиот генерален конзулат, кој што се наоѓа на неколку метри.

Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман соопшти дека напаѓачот испукал неколку истрели. Дури тогаш полицајците возвратиле и успеале да го спречат.

Напаѓачот починал од тешките повреди.

Според истражителите, засега нема индиции за други осомничени.

Полицијата, како што претходно објави Билд, соопшти дека во тек е голема операција во реонот на улицата Бринер и Каролиненплац. Исто така, во воздух е и еден полициски хеликоптер. Инспекторите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.

„Во реонот на Каролиненплац дошло до пукање од полициски сили кон сомнително лице, кое притоа било погодено, соопшти полицијата нешто пред 10 часот.

Според информациите на Билд, осомничениот дошол со пушка пред Центарот за документација на нацизмот. Тој наводно пукал во полицискиот чувар пред зградата, а полицајците возвратиле. Во инцидентот учествувале пет полицајци, изјави портпаролот на полицијата.

Новинарот на Зидојче Цајтунг, Ронен Штајнеке (41) објави видео на кое се слушаат многу истрели:

Инцидентот се случи на годишнината од Олимпискиот напад во 1972 година, кога палестинските терористи убија единаесет израелски спортисти во Минхен. Дипломати и вработени во израелскиот конзулат, кој се наоѓа во близина, денеска главно отсуствуваа од нивните канцеларии за да ја одбележат годишнината од нападот. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема повредени вработени во конзулатот.

„Нашата канцеларија, која се наоѓа веднаш до Центарот за документација на нацизмот во центарот на Минхен, моментално е блокирана од полицијата. Нашите вработени се во карантин. Точно во 9:10 часот ненадејно се слушна силна експлозија. Се слушнаа најмалку дванаесет истрели. Во моментов немаме дополнителни информации.“