Маж загина во пожарите кои беснеат кај Свети Николе

Пожари на отворено во непосредна близина на три села во кумановско се регистрирани попладнево.

За жал, Македонија ја бележи и првата жртва. Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов попладнево починато е повозрасно машко лице во кумановското село Кокошиње. Човекот најверојатно починал како последица од задушување. Неговата сопруга е евакуирана.

Попладнево појавени се над 15 пожари на отворено кои се шират со голема брзина и зафатија 12 села. Дел од нив се напуштени, дел од малку жители.

Во Кокошиње изгорени се неколку стари куќи.