Детски солзи и потресни сцени од пожарите и евакуацијата на жители на село Немањици (ВИДЕО)

Солзи, емоции, страшни пламени јазици кои се шират и за миг прават пепел од се пред себе. Пожарите во државава не стивнуваат, а во моментов најкритично е во селото Немањици во општина Свети Николе. Пожарникарит, полицијата… заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов влегоа во куќите кои беа зафатени од пожар на ова место обидувајќи се на терен да ги евакуираат жителите и да проверат дали некој останал во семејните објекти, бидејќи дел од луѓето не сакале да ги напуштат своите домови во ова место.

Потресни сцени од евакуацијата од страшните пламени јазици кои се ширеа во селото Немањици во општина Свети Николе. Пожарникари, полицијата… заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов влегоа во куќите кои беа зафатени од пожар на ова место обидувајќи се на терен да ги евакуираат жителите и да проверат дали некој останал во семејните објекти, бидејќи дел од луѓето не сакале да ги напуштат своите домови во ова место.

„Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу. Од страна на пожарникарите се проверуваа и дел од куќите загрозени од пожарот за да се види случајно некој да не останал внатре. На жителите им беше тешко да ги напуштат домовите“, велат од Центарот за управување со кризи од каде заедно со Ангелов постајано се на терен.

Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување во моментов се на терен и дејствуваат на пожарот во Свети Николе, а хеликоптерите се борат со огнот во Старо Нагоричане.

Вчера беше известено и за првата жртва од пожарите. Од задушување во пожар почина маж од Куманово.

Изјавата на директорот Ангелов за состојбата со пожарите влевза надеж, но и ја прикажува реалноста дека состојбата со пожарите не е наивна, а луѓето на терен со сите расположливи ресусрси и нивната човечка моќ се обидуваат да ги изгаснат огновите и да спасат шуми, куќи, луѓе… Вчера во државава имало 46 пожари на отворено и шумски пожари, а 27 од нив се изгаснати, под контрола се ставени пет тешки пожари, а во моментов активни се 14 пожари. Во продолжение е изјавата на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој од терен во текот на целото лето известува за пожарите.