Едно лице почина, друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
Едно лице загина а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила попладнево во лифт во угостителски објект во Штип, потврди штипската полиција.
Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.