Вo среда ќе има прегласување на седум избирачки места

На 22 мај, среда ќе има прегласување на седум избирачки места, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Прегласувањето ќе се одвива на 6 избирачки места во Петтата изборна единица, и на едно избирачко место во ИЕ 6.

„Предлог решение за повторување на гласање во ИЕ 5, на избирачки места 1470/1, 1470 во општина Долнени. Избирачко место 1184, избирачко место 1202 во општина Крушево, избирачко место 1844 во општина Струга и избирачко место 1272 во општина Охрид. Констатирам дека Комисијата едногласно го одобри предлогот за прегласување на овие избирачки места. Предлагам да ја усвоиме точката 3, барам да гласаме, Кој е за? Констатирам дека точка 3, предлог-одлуката за повторување на гласањето во ИЕ 6, во избирачко 2101 во општина Желино, едногласно е усвоена“, рече Даштевски.

Управниот суд вчера ги отфрли како неосновани сите седум тужби од Европскиот фронт, поднесени против решенијата на Државната изборна комисија поврзани со изборите одржани на 8 мај. Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката оценувајќи дека е во согласност со волјата на граѓаните, а од „Европскиот фронт“ претходно обвинија за изборен инженеринг кој како што рекоа има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор.