Атина: Ако е така, ПОНИШТЕТЕ ГО ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му порача да го поништи „Договорот од Преспа, доколку мисли дека е предавнички.

„…еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа, бидејќи Договорот е она што го посакувавте како партија, му порача и воедно му посочи дека им должи извинување на народот, на Ципрас и на Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Осврнувајќи се и на Договорот од Преспа, Каселакис на митинг во Солун.

„Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат:

„Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот“. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. „борци за Македонија“ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, истакна Каселакис.

Додаде дека ако актуелниот грчки премиер има намера да го почитува Договорот од Преспа „како национално корисен“, постојат два морални предуслови, да му се извини на грчкиот народ, но и на поранешниот премиер Ципрас и поранешниот шеф на дипломатијата Коѕијас.