„Во име на правдата претседателот треба да се одважи по кочница на судот, ЈАС ТОА ЌЕ ГО НАПРАВАМ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ОД 27 АПРИЛ“

Имам намера од претседателската функција да направам пристојна функција, одговорна функција која ќе ја претстави Македонија како горда држава, како европска држава. Дали е тоа сега така, не верувам. Ќе бидеме горди на Македонија, и се разбира на Струга ако имаме држава која е стандардна, држава која е средена, држава која е втемелена во владеењето на правото. Со судство кое е зависно, судии кои се во длабока спрега со партиски и олигарски групи и не судат според законите, изјави кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова пред стружани.

Таа нагласи дека со администрација која е преполнета со партиски послушници и партиски војници не можете да градите правна држава

Таа вети дека по изборот ќе биде во постојан контакт со граѓаните, ќе биде одговорен претседател кој ќе комуницира со граѓаните и како што рече, таквиот претседател Македонија ќе ја направи горда.

-Не се оди надвор без консензсус, не се оди надвор без исцртани линии, без утврдени национални и државни интереси. Првата работа која ќе ја направам е, да воспоставам континиуран контакт со граѓаните, кој го нема по заминувањето на претседателот Иванов, да го институционализирам тоа. Да се остварува контакт со граѓаните во народните канцеларии, може да биде мобилни и преку интернет, нагласи Силјановска Давкова.

Таа најави дека ќе ги помилува осудените за насилството во собранието на 27 април.

-Потребно е во името на правдата, моралот, претседателот да се одважи и да посегне по една кочница во однос на судот, јас тоа ќе го направам и повторувам особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април.. Јас тоа ќе го направам за случајот 27 април.  Страшно ме погоди судбината на Јане Ченто. Зар е можно судбината на неговиот дедо да се повторува во 21 век, во современа Македонија. Ги истражив случаите, таму никој не посегнал по сила, тие кои посегнаа по сила се надвор на слобода. Дали е тоа правда? Замислете да биде обвинети за организирање терористички закани и рушење на уставниот поредок на Македонја. Да имаше таква закана ќе ја чувствувавме до ден денеска ако имаше таква закана. Не, ја измислија, сите знаеме зошто. Може ли и да има почит кон држава во која обвинетите добија над 200 години казни. Тогаш ние сме најтерористичката држава во Европа. Не можете да биде горди на такви судии, обвинители, таква правда, рече Силјановска Давкова.

Comments are closed.