(Видео) Кејт Мидлтон откри дека има рак

Принцезата од Велс вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека е на „превентивна“ хемотерапија.

Принцезата од Велс и се обрати на јавноста по неколкумесечни шпекулации за нејзините причини зошто се повлече од очите на јавноста. Таа објави дека е во рана фаза на лекување од рак.

Принцезата од Велс во видео порака изјави дека ова е голем шок за неа и дека преживеала исклучително тешки неколку месеци. Сепак, таа напомена дека секој ден е се подобро.

Кенсингтонската палата не ги објави деталите за видот на ракот, но додадоа дека се уверени дека Кејт целосно ќе закрепне.