Се нишаат цели згради, се дроби асфалтот, паѓаат бандери и куќи: Еве како изгледаше земјотресот од 7,6 степени што ја погоди Јапонија

Распукан асфалт, пукнати цевки, оштетена инфраструктура и паника поради можноста од ново цунами… Вакви се последиците од стравичниот земјотрес што ја погоди Јапонија.

На социјалните мрежи се објавени повеќе видеа кои што покажуваат како изгледаат штетите по силниот земјотрес.

По силниот земјотрес од 7,6 степени, биле регистрирани уште неколку нови потреси, од кои и два силни земјотреси со магнитуди од 6,2 и 5,2 степени.

Властите предупредија на опасност од цунами, а се очекуваат бранови со височина поголема од 3 метри, па препораките се населението што живее во крајбрежните предели под итно да се евакуира.

 

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.