Обвинителството ќе постапува по иницијатива на Антикорупциска за кривично гонење на Васко Ковачевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе испитува евентуални малверзации при набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино”.

Обвинителството ја прифати иницијативата на Антикорупциска за кривично гонење Иницијативата стигнала во ОЈО два дена во ОЈО и е распределена кај обвинител кој ќе ги испитува наводите дали екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со други службени лица вработени во ЕСМ и во Министерството за економија, постапиле спротивно на закон.

„Иницијативата е примена во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 02.01.2024 година и е распределена кај јавен обвинител на постапување. Јавниот обвинител согласно своите надлежности ги презема сите неопходни дејствија за испитување на наводите во иницијативата по што ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука”, одговориле од ова Обвинителство за „Независен”.

ЕСМ за потребите на ТЕЦ „Неготино” со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија набави мазут од РКМ во вредност која може да достигне 7 милијарди и 500 илјади денари или околу 212 милиони евра.