Нови дилеми за двете убиства: Објавени снимки од Панче со киднаперите и исказ на таткото на Вања
Ного тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка.
Српскиот политичар Срѓан Ного објави исечоци од снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче.
Тој најавува дека утре ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето.
Во видео најавата, тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР.
Ного тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка.