Митрополит Повардарски Агатангел: Нека ја подигне Господ својата света десница и нека го благослови македонскиот народ
Митрополитот Повардарски Агатангел во пресрет на Христов ото раѓање – Божиќ го упати своето традиционално Божиќно послание обраќајќи им се на православните верници со зборовите „да го возвишиме својот ум и разум, да се очистиме и да ја претвориме нашата внатрешност во удобно уреден дом во кој ќе ја примиме небесната светлина која води во богопознание“.
-Овој празник нека им биде одмор од секоја неволја. Нека ни биде почеток на радоста која никогаш не престанува. Нека ја подигне Господ Својата света десница и нека го благослови македонскиот народ, нека ја крепи и заштитува нашата земја и нашата духовна мајка – Македонската православна црква – Охридска архиепископија,порача Митрополитот Агатангел.
Господ Исус Христос, порачува митрополиот Агатангел, нека им биде верен сопатник на сите оние кои минуваат низ тешкиот лавиринт на животните искушенија.
-На сите оние што страдаат и боледуваат нека им помогне нашата заедничка молитва.
На крај од посланието заврши со традиционалниот поздрав за Божиќ, Христос се роди, навистина се роди!
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.