ВИДЕО: „Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, секоја година со СДСМ по 24.000 луѓе стануваат сиромашни“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – е пораката на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, секоја година со СДС по 24.000 луѓе стануваат сиромашни, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме. Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-600.000 наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот. Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000. Во 2018 година бројот на луѓе кои живееле во сиромаштија бил 460.000 , денес 600.000. Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат потешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови, посочуваат од партијата.

„Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – е пораката на ВМРО-ДПМНЕ.