БЕКИМ НЕЗИРИ ОД ДУИ ГО ПРЕДВОДЕЛ УПАДОТ ВО М-НАВ И ТЕПАЊЕТО НА КОНТРОЛОРИТЕ
Вечер.мк дознава дека упадот во М-НАВ и тепањето на контролорите го предводел Беким Незири, екс министерот за економија од редовите на ДУИ, кој сега работи во М-НАВ.
Заедно со него бил и неговиот баџанак кој работи во истата институција Лабинот Ќерими. Тие двајца, заедно со цела банда го извршиле упадот во М-НАВ и нападот, односно тепањето врз контролирите на летање.
Веднаш по денешната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски и по заминување на новинарите, во зградата на М-НАВ упаднале членови на ДУИ од Чаир кои по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив.