Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ: Дали е доведена безбедноста во авио сообраќајот?
Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?
Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?И на Албанците им прекипе од ДУИ.Никогаш не било полошо.Важно е да ги поразиме!
Александар Тасевски вработен во контрола на летање, на Фејсбук сподели информација за она што во моментов се случува на аеродромот во Петровец.Според неговите тврдења, во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.
Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект-пишува Тасевски.